X
 07.12.2019 Живот

За и против „допаминскиот пост“

„Допаминскиот пост“, кој го практикува дел од населението во Силициумската долина, предизвикува поделени мислења во научниот свет.

Допаминот, хормонот на среќата, се активира, меѓу другото, и кога се користат телефони, социјални мрежи и слично.

Со скратување на нештата што ги возбудуваат, дел од луѓето во Силициумската долина веруваат дека можат да го ресетираат мозокот, односно да го освежат и да го направат работоспособен.

Во текот на последните месеци сè повеќе луѓе во Силициумската долина си ги скратуваат нештата што ги возбудуваат и ги прават среќни, но и зависни.

Дел од жителите на Силициумската долина веруваат дека периодичната пауза од технологијата им помага во подобро снаоѓање во брзите дигитални животи. Тие си ги скратуваат телефоните и социјалните мрежи, а некои слепо се придржуваат до постот, па дури и избегнуваат храна, разговор или контакт со очи со други лица.

Но, добар дел од научниците се скептични за овој пост. Постојат мислења дека приказните за ресетирање на мозокот се глупост која нема никаква научна основа. Одредени луѓе сметаат дека престанувањето на одредени активности, како користење на социјалните мрежи, нема да ја намали количината на допаминот, но може да ја редуцира неговата стимулација.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот