Не е важно дали патувате само со ранец или имате резервирано во луксузен хотел, искуството што го носи патувањето позитивно влијае врз вашето здравје. За некои, радоста и среќата што патувањето ги носи е поголема од некои важни животни случувања како бракот или децата.
1. Патувањето го подобрува расположението
Веб-страницата за наоѓање сместувања „Booking.com“ анкетирала 17.000 луѓе од 17 земји. Одговорите потврдиле дека многу малку работи може да го заменат одењето на одмор кога е во прашање среќата. На пример, 77 отсто од луѓето изјавиле дека резервираат одмор кога треба да си го подобрат расположението.
2. Патувањето ги прави луѓето посреќни од некои други поважни животни случувања
Најинтригантниот дел од наведената анкета покажа дека патувањето некои луѓе ги прави посреќни од нивните партнери или други важни случувања во животот. 49 отсто од анкетираните изјавиле дека биле посреќни кога планирале патување и кога стигнале до посакуваната локација, отколку на денот на венчавката.
3. Купувањето работи не може да го усреќи човек колку што може патувањето
Анкетата исто така покажала дека новите искуства значат повеќе од материјалните работи што се купуваат. 70 отсто од анкетираните рекле дека патувањето им носи поголема среќа од работите.
4. Дури и планирањето на патувањето носи среќа
Дури 72 отсто од анкетираните рекле дека ги прави
среќни и самото планирање на патувањата. 80 отсто од анкетираните рекле дека чувствуваат возбудување кога ќе ја погледнат картата и ќе изберат место што сакаат да го посетат.