X
 08.01.2017 Живот

Тома Аквински: Се плашам од човек кој прочитал само една книга

- Се плашам од човек кој прочитал само една книга.

- Оној кој е совршен во љубовта, совршен е и во духовниот живот.

- Работите кои ги сакаме покажуваат кои сме ние.

- Светоста не значи дека треба многу да се знае или набљудува; големата тајна на светоста значи многу љубов.

- Највисоката претстава за животот се состои од следното: човек да владее со сопствените постапки. Човекот кој е секогаш подложен на туѓо влијание е мртов човек.

- На оној кој умира од глад не му е потребна наука, туку храна.

- Ниту најголемите сили и напори на човечкиот ум не може да ја објаснат суштината на една обична мува.

- За сите да живееме во хармонија, првото нешто што мора да го знаеме е дека сите сме лудо заљубени во ист Бог.

- Гревот е сè она што е против совеста.

- Кога највисоката цел на капетанот на бродот би била да го зачува својот брод, тој никогаш не би се поместил од пристаништето.

toma
Фото: Pixabay

- Љубовта продолжува онаму каде разумот се колеба.

- Сето она што е примено, е примено во согласност со природата на примачот.

- Доброто може да постои без зло, но злото не може да постои без добро.

- Човек не би требало својот материјален имот да го смета за лично свој, туку заеднички со сите, за секогаш и без двоумење да може да го даде и на други во неволја.

- Бог е непознат. Реалноста, Бог, вистината и љубовта се непознати - што не значи дека не можат да бидат опфатени од рационалниот ум. Ова треба да стави крај на многу прашања кои луѓето ни ги поставуваат, бидејќи вечно живееме во илузија дека нешто знаеме. Не е така. Не сме способни да сознаеме.

- Три работи се потребни за спасение на човек: да знае во што треба да верува, да знае што треба да сака и да знае што треба да направи.

- Не можеме да го имаме сето знаење наеднаш. Мораме прво да започнеме да веруваме, а после тоа можеме да дојдеме до знаење за суштината на нашето постоење.

- Тагата може да се ублажи со добар сон, капење или чаша вино.

- Не постои ништо на овој свет повредно од искреното пријателство.

- Од сите страсти, тагата најмногу му наштетува на телото.

- Добрината на нашата волја зависи од намерите на нашата цел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот