Момо Капор е еден од најпознатите српски книжевници, писател, сликар и новинар. Тој пишувал за љубовта, жените, политичката ситуација, животот и Белград, кој многу го сакал. Од неговите книги може да се извадат многу мудри цитати, а во продолжение прочитајте дел од нив.
- Да живеат нормалните бакнежи, на чело со бакнежот в чело!
- Јас, всушност, мислам дека најчудните луѓе изгледаат многу конвенционално, многу стандардно. Бидејќи човекот кој навистина е чуден однатре, оној што е во длабоко недоразбирање со светот кој не го прифаќа и не го сфаќа, не чувствува никаква потреба да се украсува однадвор, да привлекува нечие внимание. Напротив! Тој сака да се скрие. Има ли почудно човечко суштество од Кафка, на пример, а тој речиси целиот живот работел во една осигурителна компанија во Прага, не разликувајќи се однадвор од другите вработени.
- Можеби среќата се состои во тоа навреме да престанеме со трката по среќата? Да стигнеме до животот пред лекарите да ни забранат пушење, алкохол, храна, капење, сончање и љубов?
- Денес секој има мобилен телефон, но многумина немаат кому да се јават. Никако да се спојат сите добра.
- Потешка од граѓанската и верската војна е онаа што секој ја води сам во себе.
- Работите не вредат толку колку што им е цената, туку онолку колку што сме вложиле љубов во нив.
- Светот денес е премногу слоевит за да може да се опфати или објасни со само една идеологија, колку и да е таа напредна, авангардна и спасувачка за сите... Сакале или не, може да речеме дека живееме во време на идеолошка криза.
- Човекот може да рече дека животот не му е бесполезен ако може барем една работа да ја прави подобро од другите.
- Нова година е за аматери, за оние што никогаш не остануваат по полноќ во кафеаните.
- Не треба да се плашиме од самотијата. Таа е благородна, таа е дел од нашиот живот, исто како и собирањето. Но неа не може секој да ја издржи! Таа не е за слабите кои постојано мора да бидат опкружени со други за да заборават колку се слаби. И не може секој од својата самотија, како школката, да обликува бисер и да им го подари на другите. Бидејќи познато е, секоја школка не прави бисер!
Извор:
Kurir
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)