X
 08.01.2019 Живот

Шестгодишно девојче се спасило од смрт благодарение на „Фејсбук“

Шестгодишно девојче од американската сојузна држава Мичиген се спасило од речиси сигурна смрт откако се засолнило и објавило фотографија од нејзиниот мртов татко на „Фејсбук“.

На сликата се гледало како нивното куче пит-бул териер го јаде лицето на мртовецот, па по објавата, роднините на девојчето веднаш повикале итна помош. Така го спасиле животот на девојчето и на нејзината маќеа.

Откако дошла полицијата, маќеата била пронајдена предозирана и без свест, па веднаш била пренесена во болница.

 - Девојчето спаси еден живот, ама преживеало траума од грозоморниот настан - изјави локалниот началник.

Идентитетот на лицата вклучени во овој настан не се открива.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот