X
 29.04.2021 Живот

Западна Вирџинија ќе им доделува обврзници на младите што ќе се вакцинираат

Сојузната американска држава Западна Вирџинија планира да им доделува обврзници во вредност од 100 долари на сите млади лица што ќе примат вакцина против коронавирусот. На тој начин државата се надева дека ќе ги мотивира младите на возраст од 16 до 35 години да се вакцинираат.

- Нашите деца денес веројатно не разбираат колку се важни во решавањето на ова - изјавил гувернерот Џим Џастис.

Вакцинирањето брзо напредувало во Западна Вирџинија на почетокот, но не и во последните недели, а постојат грижи дека младите луѓе се двоумат дали да се вакцинираат. Затоа државата ќе доделува обврзници од 100 долари, за кои младите лица ќе може да подигнуваат и камати. Ќе им бидат дадени обврзници и на сите лица од оваа група што веќе се вакцинирале.


Фото: Pixabay

Во Западна Вирџинија околу 52% од жителите што досега биле на листата да примат вакцина примиле барем една доза, но според гувернерот, околу 40% од жителите се двоумат дали да се вакцинираат.

Истражувања покажале дека младите лица почесто се двоумат дали да се вакцинираат отколку постарите. Околу 25% од Американците на возраст од 18 до 29 изјавиле дека сакаат да почекаат пред да примат вакцина, во споредба со само 7% што го изјавиле истото од постарите, покажала анкета од фондацијата „Кајсер“.

Во моментов во САД може да се вакцинираат сите над 16 години и над половина од жителите примиле барем една доза.

Извор: bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот