X
 08.02.2023 Култура

Ќе се снима продолжение на „Гладијатор“

„Гладијатор“ е класичен филм кој се гледа и денес, а се чини дека ќе добие продолжение.

Актерот Пол Мескал треба да игра во вториот дел од филмот. Мескал е во преговори да го замени Расел Кроу во главната улога. Тој ќе го игра пораснатиот Луциј, кој во првиот филм е младиот внук на римскиот император.

Според американските медиуми, „Гладијатор 2“ ќе ја има својата премиера на 22 ноември 2024 година. 

„Гладијатор“ излезе во 2000 година и стана хит веднаш по премиерата. Филмот освои 5 „Оскари“, меѓу кои и оној за најдобар филм.

Режисерот Ридли Скот одамна зборува за продолжение, но ова е прво потврдување дека тоа навистина ќе биде снимено.


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура