Алберт Ајнштајн ја развил својата теорија на релативност во 1905 година, а потоа ја менувал помеѓу 1907 и 1915 година. Во годините што доаѓале остатокот од светот се обидувал да биде во чекор со Ајнштајн, трудејќи се да ја разбере суштината на неговите пионерски идеи.
Подолу можете да видите еден таков обид. Во продукција на Макс и Дејвид Флејшер, најпознати по нивните цртани филмови „Бети Буп“ и „Супермен“, е еден од првите образовни научни филмови некогаш направени - тивкиот анимиран филм што ја користи моќта на анимацијата за да ја објасни релативноста на пошироката, ненаучна публика во 1923 година.
Филмот бил успешен, така што критичарите, јавноста и самиот
Ајнштајн сметале дека станува збор за одличен обид да се илустрира апстрактен субјект.