X
 12.12.2022 Култура

Прв поглед на Хоакин Феникс во продолжението на „Џокер“

Филмот „Џокер“, во кој главната улога ја имаше Хоакин Феникс, ги сруши сите рекорди на гледаност и популарност. Во моментов се работи на неговото продолжение.

Режисерот Тод Филипс ја објави првата фотографија од Феникс во улогата на Џокер. Продолжението на филмот е насловено „Џокер: лудило за двајца“ (Joker: Folie a deux). Во него Феникс ќе ја репризира улогата која во 2019 година му донесе „Оскар“ за најдобар актер, а која ја следи приказната за најголемиот непријател на Бетмен.

Снимањето на вториот дел ќе се одвива во Лос Анџелес и во Њујорк, а приказната ќе биде сместена во 70-тите години на минатиот век. Познато е дека улогата на Харли Квин ќе ја преземе Лејди Гага, која ја заменува Марго Роби.



Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура