X
 08.03.2021 Живот

Дали осаменоста го скратува животот?

По повеќе истражувања, научниците дошле до заклучок дека осаменоста влијае врз нашето тело на специфичен начин и предизвикува одредени процеси што можат да ги зголемат шансите за добивање одредени болести.

Некои од новите истражувања покажаа дека осаменоста влијае врз нашето здравје. Имено, осаменоста влијае врз развојот на белите крвни клетки, со што се ослабнува нашиот имунолошки систем, а природната борба против болеста не успева.

Послабиот имунитет придонесува да подлегнеме на воспаленија и разни болести, а кога станува збор за постари лица - осаменоста може да предизвика физички и ментални нарушувања.

Кога сме социјални, кога зборуваме и го споделуваме нашето знаење и размислување, тогаш имаме можност да ги споделиме своите проблеми со другите, да работиме на себе и да размислуваме повеќе - сето ова заедно го тера нашето тело да се бори со сè што се заканува.

Доволно е да ни недостига друштво и некој со кого би го споделиле нашето секојдневие за нашето тело да го нема тој стимул за борба.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот