X
 17.01.2015 Живот

Поучна приказна: Заборавените соништа

Еден постар човек се наоѓал во болница и бил на работ на смртта. Од смртта го делеле неколку часа. Кога во налет на болен грч ги отворил очите, успеал да види неколку фигури кои се собрале околу неговиот кревет но не успеал да препознае кои се.

Затворајќи ги очите, ги прашал: „Пријатели, кои сте вие?“

Една од фигурите одговорила: „Ние сме твоите запоставени соништа, заборавените желби и неостварените визии. Ние сме се` она што ти можеше да го направиш во животот, но си пропуштил да го направиш.

„Жал ми е поради тоа“, рекол стариот човек, „но сепак ми е навистина драго што и покрај тоа што сум ве запоставил, вие дојдовте со мене да се збогувате на крајот од мојот живот“.

Тогаш, една од фигурите се наведнала кон него и со тивок глас му рекла: „Не дојдовме да се збогуваме со тебе, дојдовме да умреме со тебе“.

Ако немате сон кој ќе ве мотивира, смислете го што поскоро - и секако, најважно е да го реализирате.

Секоја можност треба да ја направиме вредна, бидејќи никогаш нема да знаеме дали ќе најдеме подобра. Минатото и иднината не се со нас, па затоа треба да ги земеме веслата со нас, да ги засукаме ракавите и да тргнеме... за секој од нашиот напредок идеалното време и идеалните услови се токму сега. Сето останато се само изговори.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот