Другарчињата Биби и Боби имаат нова сказна. Тие се исправени пред нов предизвик - кој да раскаже подобро и да ѝ додаде свој шмек на приказната. За Боби, змејот е лош, но за Биби не е така. Боби ѝ се лути на Биби дека во нејзината приказна тој воопшто не постои.
Но, кога некој греши, нормално е да се извини и да си ја поправи грешката. Така и Биби. Му предложи на својот најдобар другар, сепак, заеднички да ја создадат приказната со змејот. Така се роди убава сказна во која нема лоши змејови, но има добра мајка-змеј, нејзиното мало змејче и две добри деца.
Првите реакции што ги добивме на јутјуб-каналот на Биби и на социјалните мрежи ни посочуваат дека „Биби, Боби и змејот“ е вашата нова хит-приказна од „Светот на Биби“.
И во оваа сказна што ја напиша Билјана Црвенковска улогите ги толкуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.
Доколку сè уште не сте ја гледале „Биби, Боби и змејот“, еве ви можност: