X
 08.04.2022 Живот

Планинско село во Кина во кое има над 40 сопственици на „тесла“

Малото планинско село Панџига во провинцијата Јунан во Кина е место во кое живеат над 40 сопственици на автомобил „тесла“.

Цаи Рун тврди дека тој го започнал трендот во селото откако купил „тесла“ и им дозволил на други жители да го возат автомобилот. На почетокот најголем проблем било полнењето на автомобилите, но сега во селото има два полначи.

Местото е популарно за туристите поради кањонот во близина, а некои жители на Панџига им ги изнајмуваат своите автомобили на туристите за кампување. Откако самата компанија ја споделила веста за популарноста на селото, повеќе туристи одат таму.


Извор: MSN
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот