Селото Фабриче ди Карагине, кое се наоѓа на подножјето на Апуанските Алпи (Тоскана), е целосно потопено во вода бидејќи покрај него била изградена брана. Но секоја деценија, заради одржување, мора да се изврши дренажа на сливот, сега наречен езерото Вагли, така што езерото повторно се појавува како дух.
Селото потекнува од 13 век и порано било населено со железари. Станало „село на духови“ во 1947 година откако била направена брана на локалната река Едрон, така што селото било поплавено од вештачки направеното езеро Вагли. Езерото било испразнето само четирипати од неговото создавање, последно во 1994 година, но Фабриче ди Карагине можеби ќе се врати на површина во 2021 година.
Фото: Instagram
Шпекулациите дека езерото ќе биде испразнето прво се појавија на „Фејсбук“. Организацијата што е сопственик на браната и одлучува дали ќе се испразни езерото изјави дека постои реална можност и дека ја разгледуваат како дел од планот за зајакнување на туризмот во регионот. Ова значи дека луѓето ќе можат да го посетат потопеното село и да прошетаат по улиците, кои обично се под вода.
Последниот пат кога езерото било испразнето било во 1994 година, па стотици туристи се собрале за да го видат.
Извор:
Lonely Planet
Фото: Instagram