Повеќето возачи и патници речиси автоматски го ставаат безбедносниот појас што ќе влезат во автомобилот. Токму затоа многумина не го забележуваат малиот, но многу корисен детаљ на појасот - копче кое има важна функција.
Малото, црно копче е сместено на средината од безбедносниот појас и повеќето луѓе никогаш не се запрашале за што служи. Сепак, неговата улога е исклучително практична - спречува лизгање на металниот дел надолу по појасот кога тој не е ставен.
Благодарение на ова едноставно решение, возачите и патниците секогаш можат да го најдат копчето на истото место, без потреба од барање. Со тоа се олеснува и се забрзува врзувањето на појасот, особено во ситуации кога треба брзо да се тргне.
Важно е да се напомене дека станува збор за елемент кој придонесува за удобност. Неговото евентуално отсуство не се смета за технички дефект, ниту би било причина за негативна оцена на технички преглед на возилото.
Кај некои возила, особено на совозачката страна, може да се забележи и дополнителен дел сместен под копчето. Неговата функција е слична на онаа на копчето - спречува спуштање на појасот.
Сепак, овој дел кај некои возила има и важна безбедносна функција. Станува збор за делче кое е дизајнирано така што при судир, контролирано ќе се распара зашиениот дел. Со тоа појасот се издолжува за неколку сантиметри, со што се намалува силата што влијае врз телото на патникот и се ублажуваат последиците од ударот.
Таквото решение го нема во сите автомобили бидејќи безбедносните системи значително се разликуваат од производител до производител. Исто така, оваа функција обично не се наоѓа на возачката страна бидејќи е важно возачот да остане цврсто фиксиран за воздушното перниче да може оптимално да го заштити.
Извор:
n1.info.hr
Фото: Freepik