Секоја година „Нешнл џиографик“ ги отвора вратите за потенцијалните талентирани фотографи од целиот свет преку својот фотонатпревар за најдобра фотографија на тема „Патување“. Фотонатпреварот ги поттикнува кандидатите да ни помогнат да го истражиме и доживееме нашиот свет преку патувањата.
Периодот за пријавување фотографија беше затворен на 3 мај, а секоја од избраните го прикажува неверојатниот свет во кој живееме.
Фотонатпреварот е поделен во три категории: природа, градови и луѓе. Сите фотографии ја раскажуваат приказната за едно место, ни го покажуваат природниот свет или споделуваат визии за луѓето од целиот свет.
Победниците што ќе ги избере публиката ќе бидат објавени од 13 до 17 мај на веб-страницата на „Нешнл џиографик“. Конечните победници ќе бидат објавени во јуни.
Победникот што ќе ја освои големата награда ќе добие 7.500 долари, а фотографијата ќе биде прикажана на инстаграм-профилот на „Нешнл џиографик“.
Наградите во индивидуалните категории вклучуваат: првопласираните ќе добијат 2.500 долари, второпласираните 1.500 долари, а третопласираните 750 долари.