X
 08.05.2020 Живот

Во сабота и недела полициски час од 19 до 5 часот

Почнувајќи од утре (09.05), во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот. Оваа одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд ја донесе Владата на тековната 50-та седница.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот