X
 04.07.2020 Здравје

Ковид-19: 147 новозаболени, 6 починати и 111 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирус во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•        Скопје 3343, активни 1987
•        Куманово 793, активни 240
•        Дебар 103, активни 51
•        Штип 371, активни 158
•        Прилеп 277, активни 51
•        Тетово 758, активни 385
•        Струга 252, активни 154
•        Велес 194, активни 43
•        Битола 61, активни 22
•        Охрид 195, активни 166
•        Кавадарци 21, активни 15
•        Гостивар 151, активни 91
•        Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
•        Струмица 17, активни 9
•        Крива Паланка 16, активни 10
•        Радовиш 4, активни 0
•        Крушево 7, активни 4
•        Кочани 74, активни 21
•        Пробиштип 25, активни 16
•        Демир Хисар 2, активни 1
•        Македонски Брод 6, активни 4
•        Пехчево 6, активни 3
•        Берово 3, активни 0
•        Валандово 6, активни 2
•        Виница 3, активни 0
•        Делчево 1, активни 0
•        Кратово 5, активни 2
•        Свети Николе 41, активни 36
•        Кичево 44, активни 38
•        Ресен 120, активни 93
•        Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по скопските општини денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

•        Чаир – 409
•        Аеродром - 150
•        Бутел - 162
•        Гази Баба - 189
•        Центар – 143
•        Карпош – 163
•        Сарај – 149
•        Кисела Вода – 109
•        Ѓорче Петров – 114
•        Студеничани – 110
•        Шуто Оризари – 86
•        Арачиново – 50
•        Илинден – 32
•        Петровец – 16
•        Чучер Сандево – 18
•        Сопиште – 14
•        Зелениково-6
•        Странец – 2
•        Нераспределен- 65

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје