X
 02.02.2021 Здравје

ИЈЗ: Зголемен бројот на нови случаи, намален бројот на починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 града во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија, се наведува во извештајот.

Во него се додава дека процентот на позитивност во наведениот период се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59 (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.

Од ИЈЗ наведуваат дека се пријавени 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје