X
 08.05.2021 Живот

Се бара пар што ќе се грижи за приватен остров на Бахамите

Доколку сакате да живеете на рајски остров, но немате доволно финансии, ова е идеална можност за вас, но само ако имате дозвола за работа во САД.

Богато семејство нуди плата од 120.000 долари годишно за пар кој ќе го чува нивниот приватен остров на Бахамите и нивните куќи во Флорида. Двајцата среќници ќе бидат вработени, а ќе добијат и сместување и автомобил.


Фото: Бахами/Pixabay

Парот ќе биде задолжен за одржување на три куќи во Флорида и приватниот остров на Бахамите со четири куќи. Меѓу другото, обврските вклучуваат чистење и собирање гости од аеродромот.

Вработените ќе работат од понеделник до петок, од 8 часот до 17 часот, а понекогаш и за викенди, за што ќе бидат дополнително платени. Огласот е објавен овде.

Автор: Екта Јоши
Извор: luxurylaunches.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот