X
 05.09.2019 Живот

„Доријан“ повторно стана ураган од трета категорија и се движи кон Северна Каролина

Ураганот „Доријан“ повторно доби сила до невреме од трета категорија и се движи кон источниот брег на САД, кон Северна Каролина.

Надлежните органи во САД наредија евакуација на околу милион луѓе што живеат на потегот од Флорида до Северна Каролина.

Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, нареди задолжителна евакуација на 830.000 жители, информира „Гардијан“.

Се очекува „Доријан“ да ја погоди Северна Каролина денеска и утре.

Откажани се сите летови од меѓународниот аеродром „Џексонвил“ на Флорида, а се очекува летовите да продолжат денеска попладне, доколку тоа го дозволат временските услови.

Ураганот претходно, како бура од најсилна, петта категорија, ги опустоши Бахамите, каде што загинаа најмалку 20 лица.


Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот