За сите љубители на Јамајка, реге-музиката и стилот, ова би можело да биде идеална работа. Малиот дрвен бар „Флојдс пеликан бар“, оддалечен еден и пол километар од Јамајка, бара бармен.
Имено, сопственикот на барот, Флојд Форбс, по 18 години непрекината работа конечно одлучил да оди на годишен одмор и за тоа време првпат ќе вработи нов работник.
Идниот работник не мора да поседува никакви посебни вештини. Во ова кафуле главно се служат коктели како пина колада, па пожелно е искуство во правење коктели, како и добро расположение.
Кандидатот што ќе ги задоволи сите критериуми ќе има сигурно сместување на островот со плата од 1.150 долари за неколкудневната работа. Освен тоа, сопственикот обезбедува и повратна авионска карта во
економска класа.
Сите заинтересирани можат да се пријават на страницата
Virgin Holiday.