Со децении научниците ја истражуваат можноста дека универзумот би можел да биде огромен холограм каде што законите на физиката бараат само две димензии, а на луѓето им изгледа три-димензионално.
Најпрвин предложен во 1990тите, принципот за холограмот е обид да се соединат две армии на мислата во модерната физика – квантната механика и општата релативност. Идејата е дека сите информации за волумен на вселената се кодирани на две-димензионална граница до тој регион.
Ако се примени овој принцип на останатиот универзум, сите информации кои не сочинуваат нас се кодирани на дведимензионална граница и изразени до три димензии.
Оваа хипотеза е тешка да се докаже. Според една студија направена оваа година се тврди дека е пронајдено што може да биде првиот доказ дека
универзумот еднаш бил холограм, базирано на космичка микробранова позадина.