Истражувачите сведочеле на нешто за кое постоеле шпекулации со години, но никогаш немале шанса да го набљудуваат: Сонцето се раздвојува од својата сопствена ерупција.
фото извор: NASA's Goddard Space Flight Centre/YouTube
Сонцето произведува интензивни соларни зраци кои се креираат кога магнетска енергија одненадеж се ослободува од неговата површина, но сега научниците можат да покажат исти невидливи и мистериозни сили кои можат да ги завршат овие изливи.
Користени биле инструменти на НАСА за сето ова да се набљудува, па фокусот бил на регионот во кој има интензивна магнетна активност на Сонцето. Додека научниците набљудувале соларна ерупција, тие забележале и колабирање на истата. Кога соларните структури со спротивни магнетни полиња се судираат, тогаш ударот креира зраци и коронарни масивни одбивања, поради ослободувањето на магнетска енергија. Вистинската магнетна структура би дејствувала како невидлива граница, која би се формирала од удар на два биполарни региони на површината на Сонцето. Структурата ефективно би се оддалечила од соларниот материјал и би ги дисперзирала топлината и енергијата назад во соларната атмосфера.
Свесни сме дека соларните бури претставуваат закана за Земјата, но ова
истражување покажува дека додека внатрешните сили на Сонцето се составуваат и креираат бури, истите мистериозни сили исто така можат и да го прекинат тоа „насилство“ на Сонцето.