X
 10.05.2017 Наука

Научниците открија како да претворат загаден воздух во чиста енергија

Во ера на зголемена загриженост за животната средина, научници од Белгија излегоа со едно можно решение: претворање на загадениот воздух во енергија.

уред
Фото извор: Phys.org


Уредот со кој тоа е возможно може да го собере во дланката, а се потпира на соларна енергија за да го рпетвори загадениот воздух во во водород, извор на чиста енергија. Уредот има две комори раздвоени со мембрани, од кои едната го прочистува воздухот, а другата го претвора во чиста енергија.

Технологијата е веројатно откритие што може да ја трансформира планетата и да овозможи справување со главниот проблем – загадувањето, а со тоа и со здравјето и багажот што доаѓа од фосилните горива.

Загаденоста на воздухот е глобална криза и патот напред е тежок

Кина и Индија се во агонија поради проблемите со загадувањето на воздухот. Низ планетата загадувањето на воздухот придонесе 5,5 милиони луѓе да умрат предвремено, а поливина од нив се во Кина и Индија.

Во меѓувреме 240 милиони луѓе во Индија немаат пристап до електрична енергија, а со со недостаток на гориво и зголемување на трошоците за истото се бори и Кина. Се разбира, проблемот не е толку едноставен кога станува збор за префрлување на енергија од водород: Една голема пречка за оваа енергија во голем обем низ Индија е однапред високата цена. Цената и инфраструктурата мора да бидат констатирани во равенката.

Кога стапува на сцена уредот?

Друга можна примена би била во намалување на загадувачките супстанци од специфични индустрии, а не од цели градови. На пример, ако најголем загадувач е текстилната индустрија, уредот би можел да се користи со тоа што индустријата би ги задоволила прописите на животната средина. Научниците велат дека има уште многу да се направи за тој да се применува во секојдевниот живот, но дека се наоѓаат пред ново поле на можности.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука