X
 08.06.2020 Образование

Македонија во „Пирамидата во Еразмус“ - злоупотреба на 2,2 милиона евра од европската образовна програма

Злоупотреба тешка 2,2 милиона евра од „Еразмус плус“ - образовната програма на Европската Унија намената за нашата земја, откри на денешната прес-конференција Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Станува збор за осум организации во пет различни држави. Злоупотребата била спроведувана од 2016 до 2018 година од неколку правни лица, кои на потенцијалните корисници на програмата „Еразмус+“ им нуделе услуги за пишување проекти. Потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, целата шема се спроведувала преку наместени јавни набавки.

- Корисниците биле установи - градинки, училишта, стручни установи, универзитети, невладини организации, младински организации... Работејќи ја тендерската документација, во неа се вметнувале дискриминирачки услови за да можат исклучиво тие да ги добијат проектите. На тој начин ги исфрлале од игра конкурентите - објасни Димова.

Аферата е наречена „Пирамидата во Еразмус“.
- Наместо средствата да служат за градење на капацитетите на корисниците на оваа европска образовна програма, тие одат директно во џебовите на злосторничкото здружение. Цело време имало и злоупотреба на лични податоци зашто тие имале неограничен пристап до нив. Тие се извршители на проектот во сенка. Злосторничкото здружение ги надминува границите на нашата земја - станува збор за осум организации во пет различни држави - рече Димова.

Случајот е пријавен во Јавното обвинителство, во Европската комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, а се подготвува претставка и до Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование