X
 30.08.2017 Култура

Аферата „Дизелгејт“ ја тресе Германија


Автомобили на паркинг
(Фото: Pixabay)


Германците не можат да се ослободат од новопроизведените автомобили на дизел-гориво, чија вредност надминува 4,5 милијарди евра.

Аферата „Дизелгејт“ и најавите на поедини градови дека ќе го забранат пристапот на автомобили на дизел-гориво во урбаните средини речиси сосема ја парализираа продажбата на, до неодамна, најпопуларните возила во најголемата европска економија.

Дури 4,5 милијарди евра во непродадени дизел-автомобили моментално им создаваат сериозна главоболка на германските трговци. Тие не можат да се ослободат од сега веќе непопуларните „дизелаши“ дури ни по дисконтни цени, пишува „Блумберг“.

Германската комора на автомобилски дистрибутери ЗДК објави податок според кој во магацините моментално лежат дури 300.000 автомобили опремени со мотори на дизел-гориво кои го задоволуваат стандардот Еуро 5.

„Дојче аутомобил труханд“ ги објави резултатите од анкетата според која 29 проценти од сопствениците на дизел-автомобили признаваат дека сакаат што побрзо да го продадат својот автомобил поради страв од дефлација и потенцијална забрана за користење.

Иако германските производители на автомобили веќе започнаа со спроведување сервисни акции за унапредување на софтверот на сопствените автомобили, германската министерка за животна средина Барбара Хендрикс изјави дека споменатите решенија не се доволни за задоволување на со закон пропишаните ограничувања за емисија на штетни издувни гасови.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура