X
 06.04.2016 Живот

Единствената земја која остана "непогодена" од документите од Панама

Скандалот за документите од Панама се најдоа на насловните страници насекаде низ светот, од Рејкјавик до Сиднеј, но има едно место кадешто е сомнително тивко. Тоа е Кина.


Документите од „Мосак Фонсека“, панамската адвокатска фирма која им помагала на богатите да го одбегнат данокот со отворање офшор компании, откриваат дека некои офшор компании се поврзани со Ден Џиагуи, кој е во брак со постарата сестра на кинескиот претседател, како и со Ли Шаолин, ќерка на поранешен премиер на Кина.

Деталите за документите беа објавени изминатата недела во германскиот весник „Süddeutsche Zeitung“, Меѓународното здружение за истражувачки новинари и други медиуми ширум светот. Треба да се посочи дека иако некои некои докази меѓу овие документи се шокантни, некои од активностите се легални.

Сепак, властите низ светот реагираат на овој проблем внимателно. Еден начин на реакција, очигледно е медиумски мрак.

Барем еден кинески медиум потврдил добивање наредба за цензура на приказната. „The Atlantic“ наведува дека било забрането да се пишува и за приказни поврзани со документите за соработниците на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Гардијан“ додава дека иницијативите за медиумска блокада го имале посакуваниот ефект.

Имено, приказните поврзани со документите од Панама биле променети и во ниту една од нив не се споменувало за активности поврзани со граѓани на Кина.

Инаку, обвинувањата за активностите во самите документи не се нови кога станува збор за кинеската власт. Во 2012 година, „Блубмерг“ известувале за претседателот, чие семејство станало екстремно богато, но ниту еден имот не бил на име на претседателот или неговата сопруга. Иако имало слични приказни за кинеските власти, ништо од ова не стигнало да се најде во кинеските медиуми.

Во последното протекување на документите од Панама, зборот „Панама“ бил цензуриран на социјалните мрежи кои се користат во Кина.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот