Најмалку 28 германски банки ги користеле услугите на „Мосак Фонсека“ во последните години.
Се работи за фирма која им помагала на богатите да го одбегнат плаќањето данок, се наведува во германскиот „Süddeutsche Zeitung“, што ја откри аферата „Панамски документи“ во соработка со меѓународна група истражувачки новинари.
Барем 14 од тие 28 германски банки вклучени во глобалниот скандал основале над 1.200 фиктивни офшор-компании со цел да сокријат имот, пишува германскиот весник.
Најмногу
компании основала „
Deutsche bank“, односно околу
400.
Мартин Џегер, портпарол на германскиот Министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјавил дека се надева дека оваа афера ќе го зголеми притисокот врз оние кои се занимаваат со финансиски криминал.
- Ова може да биде момент на поттикнување за воведување рестрикции за таквите криминални работи, но таквата пракса не може веднаш да се сопре со магично стапче - изјавил Џегер.