Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип донесе одлука полагањето на испитите во претстојната јунска сесија да се врши онлајн.
Imavme sostanok so Microsoft za naseto rabotenje i staviv se od aplikaciite na mute. Sega duri gledam
Ova neka bide>
Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип донесе одлука полагањето на испитите во претстојната јунска сесија да се врши онлајн. Студентите кои нема да бидат задоволни од добиената оцена од онлајн полагањето можат да поднесат барање до деканот/продеканот на факултетот и да побараат физичко полагање.
Imavme sostanok so Microsoft za naseto rabotenje i staviv se od aplikaciite na mute. Sega duri gledam
Ova neka bide>
Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип донесе одлука полагањето на испитите во претстојната јунска сесија да се врши онлајн. Студентите кои нема да бидат задоволни од добиената оцена од онлајн полагањето можат да поднесат барање до деканот/продеканот на факултетот и да побараат физичко полагање.
Студентите кои нема да бидат задоволни од добиената оценка од онлајн-полагањето можат да поднесат барање до деканот/продеканот на факултетот и да побараат физичко полагање.
Универзитетот „Гоце Делчев“ само неколку дена по прекинот на наставата почна со спроведување онлајн-настава и таа се одвиваше без поголеми тешкотии. Со цел универзитетот да го провери задоволството од ваквиот начин на работа, УГД спроведе анкета меѓу студентите. Важно беше дали студентите имаат ИТ-уред и достапен брз интернет, при што од анкетата се виде дека 98% имаат можност за следење на онлајн-наставата, објаснува продеканот за настава, Мишко Џидров.
Најголем дел од студентите даваат позитивни оцени за начините на справување со ситуацијата, брзата реакција и поддршката што ја добиле од универзитетот.
Во однос на тоа колку се одржуваа настава и вежби, забележително е дека предавањата се спроведени без поголеми проблеми, а потребно е подобрување во однос на одржувањето на вежбите. Сепак, овде мора да споменеме дека спроведувањето на дел од вежбите беше условено од законските ограничувања за време на вонредната состојба.
Универзитетот ги има поставено сите материјали за учење преку платформите е-библиотека, каде што може да се симнат сите учебници бесплатно, и платформата е-учење (moodle платформа) каде што се сите наоѓаат сите предавања и вежби. Ова, исто така, придонесе студентите да бидат задоволни од онлајн-предавањата.
Иако имаше голема загриженост од страна на студентите за онлајн-полагањата, сепак, од анкетата може да се види дека дополнителната априлска сесија и колоквиумите се спроведени без некои поголеми проблеми. За полагањата се користеше „Мајкрософт тимс“, а и е-учење платформата.
Олеснителен момент за сите онлајн-активности беше и користењето на е-индекс системот, каде што студентите можат да пријавуваат испити, да вршат плаќања и други административни обврски без да се изложуваат на некакви ризици.
Универзитетското студентско собрание организира анкета каде што 1.059 одговорија на прашањето на кој начин сакаат да полагаат овој семестар. Околу 70% од нив се изјасниле дека сакаат да ги полагаат испитите онлајн овој семестар.