X
 28.12.2020 Образование

Турски универзитет им испратил огледала на студентите за да не мамат на испитите

Универзитет во Турција практикува необичен метод за спречување на мамењето на испитите од страна на студентите за време на пандемијата.

Универзитетот „Билкент“ во Анкара им испратил на сите студенти огледала со средна големина кои треба да ги постават зад себе додека полагаат испити преку интернет. Целта на огледалото е да се види дали студентите имаат некакви белешки на нивните екрани или нешто друго со кое би мамеле за време на полагањето.

Директорот Абдула Аталар изјавил за „ТРТ ворлд“ дека огледалата имаат цел да ги осигурат професорите дека студентите ги имаат само прашањата на нивниот екран додека полагаат.



- Ова не е затоа што мислиме дека нашите студенти мамат. Ова е само мерка на претпазливост што ја преземаме - вели Аталар.

Според него, оваа техника ја користи „Гугл“ за време на интервјуата за работа и станува збор за ефикасен метод кој е евтин бидејќи огледалата не чинат многу.

Студентите на универзитетот мораат и да потпишат изјава дека нема да мамат на испитите.

Автор: Лукиа Пападопулос
Извор: interestingengineering.com
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование