X
 08.06.2022 Култура

Сите биографски филмови што ќе ги гледаме оваа година

Индустријата на музика, филм, танц, спорт и разни други уметности донесе многу големи ѕвезди чии дела ја одбележаа историјата, па дури  и го диктираа светот на шоу-бизнисот. Со задоволство се сеќаваме на уметниците кои повеќе не се меѓу нас, но и на оние што продолжуваат да блескаат на уметничката сцена затоа што нивното творештво оставило свој белег во областа во која работеле и поставиле стандарди за идните генерации.

Затоа, не е чудно што Холивуд, како и другите светски филмски продукции, ги слави достигнувањата на безвремените икони преточувајќи ги нивните животи на големите и малите екрани.

Тимоти Шаламе како Боб Дилан

„Going Electric“ е биографски филм за легендарниот кантавтор Боб Дилан, кој го глуми младиот Тимоти Шаламе. Филмот беше ставен во мирување во 2020 година поради пандемијата, но сега е потврдено дека ќе продолжи. Како што велат многу извори, Тимоти вложил многу труд во оваа улога и го искористил првото заклучување за да се вовлече во светот на Боб Дилан, па дури и изнајмил место во Вудсток, Њујорк, каде што пејачот живеел некое време.

Остин Батлер како Елвис Присли

Еден од најочекуваните филмови оваа година е секако „Елвис“ на Баз Лурман. Како што сугерира името, станува збор за биографски филм за кралот на рокенролот - Елвис Присли. Филмот го следи животот и музичкото достигнување на Елвис низ призмата на неговиот комплициран однос со менаџерот Том Паркер.

Приказната се занимава со сложените односи меѓу Елвис и Паркер која се протега повеќе од 20 години, а во центарот на патувањето е една од најзначајните фигури во животот на Елвис, Присила Присли.

Улогата на Елвис Присли ја толкува младиот актер Остин Батлер, додека неговиот менаџер го глуми легендарниот Том Хенкс.

Наоми Екл како Витни Хјустон

Уште еден возбудлив и емотивен биографски филм за иконата Витни Хјустон нѐ очекува кон крајот на оваа година. „Сакам да танцувам со некого“ (I Wanna Dance With Somebody) ја следи приказната за најголемата аренби и поп-вокалистка Витни Хјустон. Во улогата на Витни е Наоми Аки, а премиерата на филмот се очекува на 23 декември.

Ана де Армас како Мерилин Монро

Стриминг-платформата „Нетфликс“ го завршува биографскиот филм за холивудската икона Мерилин Монро. „Русокоса“  (Blondie) е создаден како адаптација на истоимениот роман на писателката Џојс Керол Оутс, која прикажува вистински лица од животот на Мерилин под псевдоними. Веќе се шпекулира дека филмот ќе биде полн со контроверзии и експлицитни секс-сцени.

Улогата на Мерилин ја толкува актерката Ана де Армас, а третиот сопруг на Мерилин ќе го глуми Адриен Броди. Сѐ уште не е познат датумот на премиерата на филмот, но ќе го гледаме оваа година.

Извор: Lola Magazin
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура