X
 09.05.2021 Култура

Дигитално реставрирани филмови нѐ носат во Париз, Берлин и Одеса во 20-тите години

Со помош на новата технологија, членовите на Центарот за медиуми и социјално влијание (CMSI) успеале да им дадат нов живот на старите филмови и за момент да нѐ однесат во некое друго време.

Париз

Пристигнуваме во Париз во 20-тите години на 20 век. Тука се флаперскиот стил, кратката коса, шеширите и танцувањето на џез-музика.

Филмската актерка Пола Негри можете да ја видите во ресторанот „Робинсон павилјон Лафонтеин“. Станува збор за доста популарен бар каде што можело да се пие и да се танцува на отворено, а се наоѓал во мала област јужно од градот, во Ру де Малбра, број 32.

Можат да се видат и познатите „Кафе де ла Паик“ и „Ле дом кафе“ во латинскиот кварт.



Берлин

Од зора до самрак низ Берлин за три минути.

Берлин бил мултикултурен град во тој период. До 1924 година економијата на Германија се стабилизирала по Првата светска војна и криминалот почнал да опаѓа. Оваа ера била позната како „златните години“ на Вајмарската Република, кога се случила културна експанзија, особено во Берлин.

Големата депресија во 1929 година придонела за крај на демократијата и подем на фашизмот.

Станува збор за кратка дигитално обновена монтажа на класичниот документарен филм на Валтер Рутман.



Одеса

„Оживеан“ е и Советскиот Сојуз од 1929 година. Филмот главно бил снимен во Одеса, Украина.

Побогатите жени уживале во модата и забавата и носеле кратка коса, шминка и сеприсутната клош-шапка популарен меѓу девојките низ светот во 20-тите години на минатиот век.

Позицијата на жените во СССР во принцип била еднаква на мажите, според советскиот устав. Но, реалноста била сосема поинаква за огромното мнозинство.

Дигитално реставриран е документарецот „Човекот со филмска камера“ од 1929 година. Режисер на филмот бил Џига Вертов, а монтажер била неговата сопруга Јелисавета Свилова. Познати по користењето широк спектар на филмски техники, Вертови и Свилова биле пионери во снимањето филмови.



Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура