X
 10.03.2017 Култура

Зошто Јужна Кореја е земја како никоја друга во светот?

Јужна Кореја е прекрасна земја со доста богата култура. Прастарата мудрост на таоизмот живее рамо до рамо со најнапредната технологија. Луѓето го обожаваат западниот начин на живот, меѓутоа задржале многу обичаи кои не можат да ги сфатат луѓето кои не живеат во оваа земја.


Фото: Pixabay

Ова се само некои од чудните факти поврзани со оваа земја.

1. Пластичната операција е неверојатно популарна

Според социолошките анкети, секоја петта жена во Јужна Кореја имала пластична операција. Ваквиот вид на операции се сметаат за нешто нормално во Јужна Кореја. Родителите често пати им плаќаат операции на своите деца како подарок за матура. Меѓу најпопуларните операции се избелување на кожата, отстранување на белези, и промена на обликот на очите. Мажите исто така имаат ваков вид на операција.

2. Стоматолозите се многу скапи


Токму затоа, сите Корејци се многу темелни кога станува збор за дентална хигиена. Ги мијат забите после секој оброк како и после пиење кафе и често носат четка за заби во нивните торби. Во некои места, можете да најдете и бесплатни четки за заби во вецињата.

3. Многу Корејци имаат слаб вид


Многу Корејци се кратковиди уште на рана возраст и носат очила или контактни леќи. Ова често создава впечаток дека се така родени, меѓутоа нивниот вид се влошува бидејќи тие учат многу и нивните погледи се фиксирани на екраните од нивните уреди. Ова не ги спречува да постигнат многу - двократниот олимписки шампион Им Донг-Хјун гледа само 10-20% од она што луѓето со нормален вид гледаат, а сепак има освоено два медали за стрелаштво.

3. Сите користат козметика

Корејките се грижат многу за нивната кожа и коса и користат доста козметички производи. Тие едноставно не излегуваат без да стават шминка. И младите Корејци се грижат за својот изглед, па така нема да видете маж кој нема совршена фризура.


4. Мини сукњите се доста популарни


Тие постојано се во мода, а се смета за нормално ако бизнисменка носи мини сукња на работа. Сепак, никогаш нема да видите жена со длабоко деколте.

5. Само мал број на Корејци пробале кучешко месо


И покрај распространетиот стереотип, само мал број на Корејци пробале кучешко месо. Постои растечко движење кое одбива да ја јаде оваа традиционална храна. Ова е особено силно меѓу помладите генерации кои пораснале со кучињата и ги сметаат за нивни пријатели. И самата држава не ги охрабрува луѓето да јадат кучешко месо.

6. Многу пијат


За Корејците, пиењето е природен метод за поврзување со луѓето. Секој Кореец знае многу гласни игри со пиење чија цел е да испијанат секој колку што е можно побрзо. Брзо се  пијанат но никогаш не предизвикуваат неволја и обожаваат караоке. Најпопуларниот пијалак „soju“, е вотка од компир.

7. Обожаваат храна

Во секој корејски град може да се најдат различни барови, кафулиња и ресторани. Наместо да прашаат: „Како сте?“, Корејците прашуваат: „Дали јадевте добро?“. Пропуштањето на оброк за нив е еднакво на грев. Кимчи, нивното традиционално јадење е направено од доста зачинет зеленчук и кинеска зелка.

8. Физичкиот допир е нормален


Во повеќето земји, ако двајца мажи се држат за рака се добива впечаток дека се во врска. Но, не и во Јужна Кореја. Парадоксално, додека истополовите врски не се прифатени, маж кој седи во скутот на друг маж или маж кој си игра со косата се смета за прифатливо.

9. Мразат црвено мастило

Се верува дека ако го напишете името на некој со црвено мастило, таа личност ќе има сериозни проблеми во блиска иднина.


10. Обрнуваат многу внимание на гестови

Работите треба да се прифатат со двете раце, со што покажувате почит. Корејците исто така обрнуваат доста внимание на ракувањето. Пред неколку години, Бил Гејтс дошол во судир со локалните обичаи во овој поглед. За време на средбите со претседателката на државата, тој се поздравил со неа со едната рака, додека другата ја држел во џебот. Во Кореја, тоа се смета за крајно непочитување кон личноста.

11. Сите користат уреди

Во оваа земја, секој има уреди (од лап топи до едноставни мобилни телефони), вклучувајќи ги и децата и бездомниците. Благодарение на ова, насекаде има бесплатен безжичен интернет.

12. Сајбер спортот е официјално признат

Јужна Кореја е колевката на сајбер спортот. На почетокот на 2000, со појавата на стратешката игра „Starcraft“ го претвори видео играње во културен пејзаж.

13. Користат само „Internet Explorer“

Сите Корејци користат „Internet Explorer“. Или не знаат за други веб пребарувачи или немаат интерес за нивно користење.

14. Учат многу

Корејците учат од рано наутро до доцна навечер, без разлика кој ден од неделата е. Ги користат празниците и одморот за дополнителни курсеви или за да учат сами. Предавањето се смета за една од најпрестижните професии, а наставникот заработува околу 2.500 долари месечно, а ако работат во високообразовни институции, може да заработат до милион долари годишно.

15. Има задолжителна воена служба

Според законот, секој е должен да отслужи 21 месец воена обука на возраст од 28 години. Законот важни за сите класи на општеството.

16. Знамето на Јужна Кореја има длабоко симболично значење

Белата е национална боја на Јужна Кореја. Амблемот на знамето го симболизира таоистичкиот поглед кон универзумот како една обединета целина. Јинг и Јанг комуницираат еден со друг. Триграмите во секој агол исто така имаат свое значење. Тие го симболизираат небото/југот/летото/воздухот; Месечината/западот/есен/вода; Земјата/север/зима/почва; Сонце/исток/пролет/оган.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура