X
 30.03.2018 Култура

Зошто Стивен Спилберг смета дека филмовите на „Нетфликс“ не заслужуваат „Оскар“?

spilberg
Фото: Getty Images
.

Популарниот сервис за видеостриминг - „Нетфликс“ своите филмови ги прикажува прво на интернет, а потоа и во избрани кина, обично за номинација за некоја награда.

Сепак, се чини дека таквата практика му пречи на познатиот режисер Стивен Спилберг.

- Кога ќе се посветите на телевизискиот формат, тоа е ТВ-филм. Ако станува збор за квалитетна програма, секако дека заслужува награда „Еми“, но не и „Оскар. Сметам дека филмовите што стекнуваат квалификации помалку од недела дена прикажување во кината не би требало да се квалификуваат за „Оскар“ - вели Спилберг.

По година дена откако два филма на „Нетфликс“ беа прикажани во Кан, познатиот филмски фестивал соопшти дека стриминг-сервисите во иднина ќе бидат отстранети од конкуренцијата. Претходно истакна дека од 2018 година сите филмови што ќе се натпреваруваат за награда мора да бидат прикажани во кината низ цела Франција.

Се чини дека критиките на Спилберг наменети за „Нетфликс“ го одразуваат традиционалниот поглед на врската помеѓу квалитетот на филмското остварување и медиумите преку кои се прикажува.

Сепак, Спилберг признава дека телевизијата денес е поголема од кога било во историјата. Квалитетот, буџетот и обемот на продукцијата надминаа сè што се прикажува во кината, а тоа го покажаа Ејч-би-о, „Нетфликс“ и „Амазон“. Сепак, режисерот и понатаму смета дека филмовите што се стримуваат треба да се сметаат како посебна категорија.

Спилберг не е првиот режисер што упатил критики кон стриминг-сервисите. Кристофер Нолан, еден од најсилните поддржувачи на киното, ги нарече филмовите на „Нетфликс“ кошмар за секој режисер.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура