X
 08.06.2022 Живот

За 3.000 денари зголемена синдикалната кошница во мај во споредба со јануари

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во споредба со јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави
Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница.

Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари годинава. За една година, односно во споредба со мај лани, зголемувањето е за 4.635 денари или за 12,78 проценти.

Според анализата на ССМ, најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците.

- Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентните противења на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците - велат од ССМ.
Синдикатот бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот, да бидат причина за веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и платите да се зголемат за најмалку 2.806 денари во нето-износ.

Во спротивно, како што посочува ССМ, ќе бидат принудени да стапат во генерален штрајк кој е најавен за 22 овој месец.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот