X
 08.06.2023 Живот

Ова шпанско мало гратче е прогласено за најубаво во светот

Туристичкиот магазин „Конде наст травелер“ објави листа со 50 најубави мали гратчиња во светот.

Листата вклучува различни делови од светот, од Бразил, Канада, Словенија до Јапонија. Листата била составена од нивните уредници, а она што особено им се допаднало при избирањето на најдобрите биле улиците со калдрма, колонијалната архитектура, неверојатните погледи и слично.

- Припишете го тоа на пријателски настроените локални жители, хотелите или добриот старомоден шарм, но никогаш нема да се измориме од патувањата во малите градови. Речиси секоја земја на планетата има мал град кој вреди да се истражува. Ова се најубавите во светот - пишува во статијата.

Албарасин, Шпанија


Најмногу гласови доби гратчето Албарасин во Шпанија. Се наоѓа во провинцијата Теруел, а според пописот од 2018 година, има 1.016 жители.

- Овој изолиран планински град покрај реката Гвадалавијар е главен кандидат за титулата најубав мал град во Шпанија, со розови и портокалови згради кои се вклопуваат во карпестата околина - пишува веб-страницата.

Местото е уникатно благодарение на неговата историја и муслиманското и христијанското владеење.

- Каде на друго место би нашле готска катедрала и мавритански урнатини Алказар во истиот мал град? - пишува во описот на овој град.

На листата се најде и еден град од Балканот, односно Блед во Словенија.


- Постои причина зошто Бледското Езеро е едно од најпопуларните места во Словенија. Со својата смарагдна вода, мал остров со цркви, поглед на Алпите и замок од 12 век на рид, нема да ви недостига совршен поглед. Околината на Блед е исто толку шармантна - пишува веб-страницата.

На листата се најдоа и градовите Тбан Рак Таи во Тајланд, Банос во Еквадор, Биеи во Јапонија, Бокас дел Торо во Панама, Есперанца во Австралија, Гордес во Франција, Халштат во Австрија, Ируија во Аргентина и други.



Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот