X
 04.08.2020 Живот

Најновата туристичка кампања на Нов Зеланд е во облик на видеоигра

Нов Зеланд влезе во светот на видеоигрите за да ги покани виртуелните посетители да ја посетат земјата за време на пандемијата. Кампањата #PlayNZ не е видеоигра, но има многу елементи на таква.


Фото: New Zealand

Туристичката агенција на Нов Зеланд соработувала со компанијата „Лузерфрут“ за да ја истражува земјата во 10-минутно видео во кое се покажуваат најпопуларните туристички атракции на Нов Зеланд во форма на игра.

За жал, не станува збор за вистинска видео игра, но има интересни елементи кои ќе им се допаднат на љубителите на видеоигри. На официјалната веб-страница се нудат видеа од 180 степени и 360 степени во стил на видеоигра со кои може да се истражуваат локациите во полуинтерактивен формат.

Во меѓувреме, забранет е влез за туристите во Нов Зеланд, но земјата ја оживеа филмската индустрија, односно на островот повторно се снимаат филмови, меѓу кои и продолженијата на „Аватар“.


Автор: Хејли Вилијамс
Извор: gamespot.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот