X
 16.11.2021 Забава

Реклама за туризмот во Исланд ги исмејува Марк Закерберг и метаверс

Исланд е познат по својот драматичен вулкански и глацијален пејзаж и неговата фасцинантна култура. Но, кој знаел дека Земјата на огнот и мразот, исто така, има урнебесна смисла за хумор?

Во реклама за промоција на туризмот, јавно-приватната маркетинг-организација наречена „Инспирирана од Исланд“ го претстави Исландверс, каде што сè и секој е реален, без потреба од глупави слушалки за виртуелна реалност.

Станува збор за директно исмејување на видеото на основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во кое тој го претставува „метаверс“.

За целосно да ја сфатите рекламата за Исланд, погледнете ги првите неколку минути од видеото на Закерберг „Connect 2021: our vision for the metaverse“.



Од една страна, метаверс изгледа како следниот логичен чекор во технологијата и веројатно има некои супер начини на кои би можеле да ја искористиме виртуелната интернет-реалност. Од друга страна е морничавата иднина на Матрикс. Во видеото Марк се потсмева на неговата репутација затоа што изгледа како андроид веднаш по 5-минутниот знак, кога вели: „Мислев дека требаше да бидам роботот.“

Сите сме гледале премногу филмови што нè поттикнуваат да ја видиме иднината исполнета со виртуелна реалност како премногу одвоена и без човечка врска. Каков навистина ќе биде метаверзумот, останува да се види, но таа перцепција - а општиот консензус е дека Марк Закерберг е чуден - е она што го прави промовидеото на „Инспириран од Исланд“ толку совршено.

 - Здраво и добре дојдовте во овој природен амбиент. Денес сакам да зборувам за револуционерен пристап или како да го поврземе светот без да бидеме суперчудни - вели Зак Мосбергсон во рекламата на „Исландверс“.

- Целосно можете да нурнете во него со вода што е водена, со луѓе со кои можете да се поврзете. Во Исландверс има вистински мов што можете да го гледате. Ве молам не допирајте го, деликатен е - продолжува во видеото Зак.


Извор: Upworthy.com
Фото: Iceland/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава