X
 01.06.2016 Култура

Дали ова е иднината на туристичкото разгледување на градовите?

За да доживееме еден град треба да бидеме помеѓу луѓето и да го почувствуваме неговиот пулс во самата негова суштина. Но, за целосно да добиеме негова слика, сепак треба да одиме малку повисоко.

 

1


Најголемиот проблем со туризмот и туристички атрактивните локации е токму тоа - тие е туристички и атрактивни, па мора да го делите секој квадратен метар простор со Англичаните, Кинезите, Швеѓаните, Германците... Сето тоа има одредена магија, но за брзо време станува напорно и исцрпувачки. Човек едноставно сака да се тргне од сите тие пренатрупани улици и се' она што го интересира да го разгледа на мир. Урбаните гондоли би можеле да бидат идеално решение за овој проблем.

Екипата за архитектонско уредување „Davis Brody Bond Architects“ и „Planners and Marks Barfield Architects“ неодамна го претставија нивниот иновативен проект за урбани гондоли - превозно средство наменето за туристичко разгледување на градските подрачја. Проектот првенствено е создаден за Чикаго, кој бележи неверојатен туристички бум (52 милиони гости минатата година), но со одредени модификации може да се примени во било кој туристички град.

 

2


Станува збор за стаклени гондоли, а тие се само дел од предвидените иновации за туристичка понуда на Чикаго. Се предвидува дека овој систем би можел да вози вкупно 3.000 луѓе по еден час и на висина од 17 спрата такашто висината прилично би ја намалила гужвата, а 20 долари возење не е некоја претерана сума за вакво искуство.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура