Јужнокорејски државјанин пребега во Северна Кореја, што е редок случај некој да се одлучи да живее во таа авторитарна земја.
Чое Ин-гук (73) е син на двајца високорангирани јужнокорејски дипломати, кои, исто така, пребегале во Северна Кореја во 80-тите години од минатиот век. Тој ќе живее во Северна Кореја и ќе работи на обединување на двете Кореи.
Бегството од Јужна Кореја во Северна Кореја е многу редок случај.
Двете земји се технички во војна и на јужнокорејските државјани им е потребна посебна дозвола за да ја посетат Северна Кореја.
Доколку Чое ги прекршил јужнокорејските закони и не побарал дозвола, тој би можел да биде уапсен ако некогаш се врати во Јужна Кореја. За неговиот личен живот и политичките ставови се знае многу малку.
Севернокорејските медиуми пишуваат дека официјалните претставници на Северна Кореја го дочекале 73-годишниот Чое многу срдечно.
Извор: МИА