X
 08.07.2020 Живот

Ѕирнете во најомиленото село на Французите

Омиленото село на Французите? Aлзаско селце преполно со шармантни црно-бели куќички од дрво и прозорци и балкони украсени со цвеќиња.

Унспак е новиот скапоцен камен во француската туристичка круна откако ја доби титулата омилено село на нацијата. По неколкумесечна конкуренција, малиот град во близина на германската граница во Алзас се најде на врвот на популарната годишна анкета „Омиленото село на Франција“.

1

Поранешната шведска населба е позната по гостопримливите жители, гордиот алзаски дух и улиците наредени со куќи од дрво од 16 век, украсени со врежани прозорски рамки. Селото е малечко, со само 653 жители и може да се стигне до него со воз од Хагуенау до Висламбург. Како алтернатива, можете да патувате со автомобил од Стразбур, а патувањето трае нешто помалку од еден час.

2

3

Победата на натпреварот е голем поттик, не само за духот на заедницата, туку и за малата економија на местото и туристичката индустрија. Егишем - живописно село опкружено со лозови насади на винската рута во Алзас, доживеало туристички бум по победата на натпреварот за најомилено село во 2013 година. Се очекува Унспак да доживее слична судбина, а локалните жители се подготвени за ова.

Градоначалникот на градот Бертранд Вал вели дека во процес е трансформација на една дрвена куќа на главниот плоштад во канцеларија, за прием на туристи.

4

село

- Ние се подготвуваме за нивното пристигнување - вели тој.

Минатата година селото имало 2.000 посетители, но се предвидува бројките да се зголемат за 30 отсто ова лето.

Извор: Lonely Planet
Фотографии: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот