X
 29.11.2022 Живот

Игор Вук Торбица: „Денешното општество е последица на децениското неинвестирање во основното образование“

Она што го живееме денес е последица на децениското неинвестирање во основното образование, кое би ги подигнало луѓето од колена.

Сите политички елити во овој регион, од почетокот на минатиот век досега, одбиваа да ја подигнат свеста на граѓаните и да обезбедат инфраструктура и врски кои нужно би создале култура на живеење сè до најоддалечените краишта на оваа земја.

На тој начин обезбедија широка маса необразовани луѓе и оние со ниско знаење за тоа што е идејата за еден град, едно општество и на крајот, една држава.

Често, овие лидери се луѓе со одредени форми на психопатологија. Исклучително бесчувствителни поединци, но честопати многу самоуверени. Многу поупорни и порешителни од просечниот, да го наречеме „нормален човек“, за остварување на сопствените цели.

Во земја каде што луѓето се егзитенцијално загрозени, не сакаат и не можат да го развијат своето и онака оскудно знаење, вашата работа е едноставна: доволно е да викате, да покажувате со прст, да обвинувате. Но, постои едно мало но. Длабоко во себе, свесни се дека во суштина тие не се вистински лидери. Затоа нашата машкост (односно лидерството) често се самопотврдува и се одржува со терор и страв.

Игор Вук Торбица, режисер

Извор: Facebook
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот