Истражувањето испитувало примероци од крв од 4.835 мажи за да се испита нивото на воспалителни процеси.
- Најдовме значајна врска помеѓу раскинувањето или годините на самечки живот и проблеми со воспаление кај мажите - вели д-р Каролина Дејвидсен, научен соработник во Одделот за јавно здравје на Универзитетот во Копенхаген. Таа истакна дека ова не е случај со жените.
- Последното истражување може да фрли светлина врз ризиците за мажите што живеат сами, но следењето на ризик-факторите и лекувањето на воспалението може да им помогнат на пациентите да живеат здрав живот - се вели во истражувањето.
Истражувањето, објавено во списанието „Би-ем-џи“, ги проучувало и годините од животот на самците.
За некои, фактот дека се сами и слободни е предност, вели Елијаким Кислев, доцент на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Тој ги анализирал американските и европските бази на податоци, вклучително и Бирото за попис на населението на САД и Европското социјално истражување, како дел од испитувањето на трендовите кај слободните луѓе и она што некои самци ги правело среќни.
Кислев проучувал обичаи во повеќе од 30 земји и направил повеќе од 140 интервјуа со самци во САД и во Европа - со луѓе на возраст меѓу 30 и 78 години, од различни полови, сексуалност и социо-економско и етничко потекло. Тој открил дека клучните разлики помеѓу среќните и несреќните слободни луѓе генерално зависат од тоа дали тие имаат интернализирани стереотипи за тоа дека се сами или немаат.
- Осаменоста се компензира и со стекнување возбудливи искуства, на пример, патување или пронаоѓање ново хоби - вели Кислев.
Извор:
CNN |
b92.net
Фото: Freepik