X
 08.07.2024 Технологија

„Мета“ ги проширува можностите на виртуелната реалност

Современите технологии во областа на проширената и виртуелната реалност (ВР) доживуваат континуиран напредок, а компанијата „Мета“ е во првите редови на иновациите со најновата верзија на своите очила за ВР – „мета куест 3“.

„Мета“ воведува чет-ботови со вештачка интелигенција на „Инстаграм“


Овој уред бара од корисниците да постават простор за игра во одредени граници, што било практика и во претходните модели. Сепак, неодамнешното ажурирање на „Мета ХР Кор СДК“, кое ја вклучува верзијата 66, носи значителни промени кои ќе влијаат врз развојот на апликациите за мешана реалност (МР).

„Мета“ воведе „заедници“ на „Месинџер“ - не, не се работи за групи

Границите во просторот за играње се клучни за безбедноста на корисникот кога се користи технологијата ВР, спречувајќи случајни судири со предмети или ѕидови. Но, и покрај нивната важност во контекст на ВР, границите се покажале како ограничувачки фактор за апликациите и игрите кои користат технологија за мешана реалност.

„Мета куест 3“


Затоа, во својата најнова верзија на СДК, комапнијата на Марк Закерберг ја воведува опцијата програмерите да ги исклучуваат овие ограничувања при користење на функцијата за транспарентност, што им овозможува на корисниците да ја видат својата вистинска околина преку екранот на очилата.

„Мета куест 3“ наспроти „епл вижн про“: Судир на ВР слушалките на иднината

Оваа промена им овозможува на програмерите да создадат поизвонредно и проширено МР искуство, што може да се интегрира во вистинските простори на корисниците, како што се нивните домови, без потреба од приспособување и поместување на границите. Доколку апликацијата се префрли од режимот МР во ВР, претходно укинатите ограничувања автоматски се враќаат, со цел да се зачува безбедноста на корисникот.

„Мета“ е позната по своите иновации во областа на ВР-технологијата, а со ова ажурирање јасно става до знаење дека е еднакво посветена на унапредување на мешаната реалност.

„Мета“ и „Реј бан“ развиваат паметни очила

Компанијата верува дека МР е иднината на компјутерите, што е поддржано со континуирани инвестиции во развојот, вклучително и АР паметни очила, кои користат вештачка интелигенција. Земајќи ги предвид досегашните успеси, „Мета“ е позиционирана како лидер во развојот на напредни технологии за ВР и МР апликации.

На пазарот кој е сѐ повеќе ориентиран кон АР и МР технологиите, „Мета“ не само што се стреми да ја задржи водечката позиција во производството на ВР уреди, туку се стреми и кон доминација во сегментот на АР очила. Со најновите иновации и подобрувања, се очекува „Мета“ да продолжи да ја обликува и дефинира иднината на интерактивните технологии.

Извор: preporucamo.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија