Zentiva Group a.s. го најавува завршувањето на претходно декларираната аквизиција на бизнисот на Алвоген во Централноисточна Европа. Оваа зделка придонесува кон постојаниот органски раст на Zentiva, зајакнувајќи го присуството во Полска, Романија и Бугарија и го проширува своето присуство на дополнителни нови пазари, вклучувајќи ги Русија, Украина, Казахстан, Унгарија, Хрватска и државите од Западен Балкан. Како резултат на тоа, Zentiva сега може да достави проширено портфолио производи на милиони луѓе низ цела Европа и пошироко.
„Со оваа аквизиција, ние спојуваме два од водечките генерички и ОТЦ бизниси во регионот на Централноисточна Европа. Нашите предности и портфолија на производи совршено се надополнуваат, во согласност со стратегијата за развој на Zentiva. Со нашето постојано проширување на нови пазари и нашиот тим што победува ние можеме да испорачаме поквалитетни и подостапни лекови што им се потребни на луѓето секој ден во Европа и пошироко“, рече Ник Хагар, главен извршен директор на Zentiva.
Покрај неодамна најавената аквизиција на производствената локација во Ankleshwar, која се очекува да биде финализирана во наредните недели, оваа аквизиција го проширува и производствениот капацитет на Zentiva со локацијата во „Labormed Alvogen“ во Букурешт, Романија.
Овој најнов развој се базира на неодамнешните комерцијални аквизиции на „Creo“ во Велика Британија и „Solacium“ во Романија, како и мултимилионските инвестиции во евра во постојните производствени капацитети на Zentiva во Прага и во Букурешт.
„Alvogen CEE пласира над 200 генерички и ОТЦ производи во повеќе терапевтски области, од високо етаблирани брендови како Lactacyd®, Persen®, EuBiotic® и многу други, со водечки позиции на пазарот во 14 клучни пазари низ Централноисточна Европа“, рече Хачо Хачикијан, новоназначениот комерцијален директор на Zentiva за регионот на Централноисточна Европа. „Да се приклучиме на Zentiva е одлична можност да станеме дел од една од водечките компании во Европа, да го прошириме нашето присуство и да ја унапредиме оперативната совршеност, сите заедно посветени на задоволување на потребите за здравствена заштита на луѓето во Европа и пошироко.“
За Zentiva
Zentiva е производител на високо квалитетни достапни лекови кои им служат на пациентите во Европа и пошироко. Со посветен тим од повеќе од 4.000 лица и мрежа на производствени локации, вклучувајќи ги и предводничките локации во Прага и во Букурешт, Zentiva се стреми да биде шампион на брендирани и генерички лекови и ОТЦ производи во Европа за подобро да ги поддржува дневните здравствени потреби на луѓето.
Во Zentiva, наша аспирација е дека здравството треба да биде право, а не привилегија. Повеќе од кога било на луѓето им треба подобар пристап до висококвалитетни достапни лекови и здравствена заштита. Ние работиме во партнерство со лекари, фармацевти, трговци на големо, регулатори и влади за да ги обезбедиме секојдневните решенија од кои сите зависиме.
Дознајте повеќе за Zentiva на
www.zentiva.com.
(Комерцијална објава)