Величењето на човечкото тело во мермер било вообичаено уште кај старите Грци и Римјани, но изгледа денес, во времето на технолошкиот расцут, сè уште тешко се носиме со голотијата, макар и во уметничка форма. Современата доба е преплавена со скулптури што предизвикуваат
контроверзии.
Чешкиот скулптор Давид Черни во својата земја секогаш бил познат како контроверзен. Своевремено тој офарбал советски тенк во розова боја. Поради неговите дела, често бил во судир со законот. Исклучително поради чудните скулптури на голи луѓе.
Фото: Noizz
„Уринирање“ на прв поглед прикажува двајца голи мажи кои вршат нужда во бара. Всушност, под нивните нозе е мапата на Чешка. Надреална креација.
Оваа скулптура привлече толку големо внимание во јавноста што мораше да биде оградена. „Мечка јаде човек“ е дело на исландскиот скулптор Тордис Адалштајнсдотир. Се наоѓа во Њујорк.
Фото: Noizz
Американскиот уметник Тони Матели предизвика голема збунетост кога го претстави неговиот „Месечар“. Целосно реалната фигура на човек во бела долна облека кој спие и оди можеби најмногу ги шокира оние кои сметаат дека не треба да биде изложена во кругот на елитниот колеџ „Велсли“, каде што студираат претежно девојки.
Скулпторот Патрик Мекирнан предизвикуваше многу контроверзии во текот на неговата кариера. За да учествува на едно натпреварување, тој направил скулптура од гола, бремена жена која седи на клупа. Деталите на нејзиното тело веројатно привлекле дополнително внимание бидејќи уметникот се трудел да биде што е можно пореален.
Фото: Noizz
Можете да го изберете кое било гротескно, бизарно суштество од каталогот на австралиската уметница Патриција Пичини. Не би сакале да навлегуваме во нејзините соништа ако вака го интерпретира и гледа човештвото.
Фото: Noizz
Еден парк во Хјустон беше домаќин на изложба со девет скулптури на познатиот мексикански уметник Хорхе Марин - „Крилјата на градот“. Сите дела претставуваат визија на голото човечко тело, често со религиозен контекст, како извртено гледање на ангелот.
Фото: Noizz
Италијанско-канадскиот скулптор Козимо Каваларо е човек кој користи необични материјали за да создаде уметнички дела. Еднаш тој покри хотел во Њујорк со растопен кашкавал. „Чоколадниот Исус“ сепак предизвика повеќе полемика. Целосно голиот Исус од чоколада, без крст, разбесни многу верници.