X
 27.03.2024 Забава

Нова серија на „Нетфликс“ предизвикува контроверзии - продуцентите се обвинети дека ја снимиле за да ја оцрнат Кина

Адаптацијата на „Нетфликс“ на многу популарниот кинески научнофантастичен роман „Проблемот со 3 тела“ (3 Body Problem) предизвика голем број реакции по објавувањето, вклучувајќи го и гневот на националистите во Кина поради сцените кои прикажуваат насилен и турбулентен период во модерната историја на земјата.

Реакциите на кинеските социјални мрежи се измешани откако серијата од осум епизоди, базирана на наградуваниот роман на Лиу Сиксин, најпознатиот писател на научна фантастика во земјата, беше премиерно прикажана.

„Нетфликс“ не е достапен во Кина, но гледачите можат да гледаат содржини користејќи виртуелни приватни мрежи (VPN) за да ги заобиколат строгите ограничувања или, пак, гледаат пиратски верзии.

Романот на Лиу, дел од трилогија, е едно од најуспешните кинески дела во последниве години, кое може да се пофали со легии обожаватели низ светот, вклучувајќи го и поранешниот американски претседател Барак Обама. Меѓу патриотските интернет-корисници во земјата, дискусиите за адаптацијата станале политички, при што некои ги обвинуваат продуцентите дека ја снимиле ТВ-серијата само за да ја прикажат Кина во лошо светло.

Други застанале во одбрана на серијата, велејќи дека серијата внимателно ги следела приказите во книгата и била вистинска реконструкција на историјата.

Мистеријата започнува за време на кинеската културна револуција во средината на 60-тите години, кога една прогонувана млада жена донесува одлука што ја менува иднината на човештвото. Во осум епизоди, „Проблемот со 3 тела“ патува од блиското минато на Кина до серија мистериозни самоубиства меѓу научниците во денешно време.

Извор: Klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава