X
 25.08.2019 Култура

Моќни скулптури што раскажуваат приказна подобро од кој било роман

Честопати скулптурите што нè опкружуваат ги земаме здраво за готово, мислејќи дека нивната единствена намена е да ја разубавуваат околината. Но, тие всушност имаат подлабоко значење и имаат многу добри приказни што треба да ги слушнете.

1. Скулптурата „Ангел-нож“ од Алфи Бредли натерала стотици луѓе да се откажат од насилството


На скулптурата има 100.000 ножеви што ги дале криминалците за да го спречат насилството. Ножевите биле собрани од британската полиција, организациите за спречување насилство со ножеви, други групи и луѓе врз кои влијаело насилството со нож. Скулптурата патува низ Британија за да ги едуцира луѓето за тоа колку е важен проблемот со насилството со ножеви и колку се опасни тие.

2. „Минувач низ ѕидови“ од Жан Мараис ја илустрира последната сцена од познат француски роман


„Низ ѕидот“ од Марсел Еме е француски роман што ја раскажува приказната за скромен канцелариски работник кој еден ден открива дека има супермоќ - може да оди низ ѕидови. Протагонистот ја користи неговата дарба за да решава проблеми и станува крадец, оди в затвор и бега. Еден ден ја губи моќта додека минува низ ѕид и заглавува во него.

3. „Градење мостови“ од Лорензо Куин споделува рецепт за подобар свет


Како да го направиме светот подобро место за живеење? Пријателство, мудрост, помош, верба, надеж и љубов - ова се состојките за подобар свет и посреќни луѓе според Лорензо Куин, познат италијански уметник. Овие 6 доблести се наоѓаат во 6 пара раце што заедно градат мост.

4. „Корпорациска глава“ од Тери Ален ни кажува за опасноста од фокусирањето на профитот по секоја цена


Импресивната бронзена скулптура од маж чија глава се наоѓа во зграда се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија. Скулптурата отелотворува бизнисмен кој цел живот го посветил на добивање профит за себе и за компанијата за која работи. Само неговата глава се наоѓа во зградата, што значи дека неговите мисли целосно се апсорбирани од установата во која работи. Скулптурата го илустрира модерното темпо на живот кога луѓето треба да носат економски товар и да го поминат целиот свој живот работејќи, често пропуштајќи ги работите што се поважни од материјалното богатство.

5. „Сферата внатре“ од Арналдо Помодоро нè потсетува колку е кревка нашата планета

Оваа прекрасна статуа ја воодушевува публиката со сложената структура на скршени сфери - надворешната и внатрешната. Уметникот Арналдо Помодоро сакал да ги проучува едноставните геометриски форми, така што успеал да скрие подлабоко значење зад тие едноставни форми. Оваа скулптура нè потсетува како сè во универзумот е меѓусебно поврзано, колку е кревок нашиот свет и колку лесно може да биде уништен.

6. „Човекот кој ги мери облаците“ од Јан Фабре зборува за борбите за мерење на немерливото

View this post on Instagram

The sky is not the limit. Your mind is.

A post shared by . stephanie . (@_just.steph) on


Ова уникатно уметничко дело е дел од Венециското биенале од 2019 година, а на публиката ѝ покажува човек кој се наоѓа на височина од 9 метри обидувајќи се да ги измери облаците со линијар. Скулптурата може да се толкува како очајнички обид на една личност да го направи невозможното возможно, како нашата бесконечна борба да се надминеме себеси како општество, или како јазол на античката филозофија што смета дека човечките суштества се мерка на сите нешта.

7. „Инерција и банкарите“ од Џејсон Декарис Тејлор решава социјални проблеми и ја повикува нашата одговорност

View this post on Instagram

So what’s your Sunday been like? Couching like him? He’s watching algae grow for fish to feed on his telly but if you’re looking for something decent on @netflix try @chasingcoral and learn why the ocean needs our help now. 🐚 • • • #jasondecairestaylor #islamujeres #cancunmexico #underwatermuseum #climatechange #mexico #Musa #sculptureart #underwaterart #underwatersculpture #artificialreef #visualsoflife #netflixandchill #marineconservation #saveouroceans #esculturas #underthesea #lazysunday #weekendvibes #artistsoninstagram #art_spotlight #underwaterworld #underwaterphotography #chasingcoral #oceanlover #discoverocean #passportocean #illgrammers #speechlessplaces #beautifuldestinations

A post shared by Jason Decaires Taylor (@jasondecairestaylor) on


Оваа и уште неколку прекрасни подводни скулптури од Џејсон Декарис Тејлор ги откриваат најострите проблеми на современото општество, како што е опседнатоста со материјалното богатство и изложеноста на влијанието на масовните медиуми. Но, освен тоа, овие дела служат како дом за коралите, кои се на работ на исчезнување во многу региони на нашата планета. Со поставување на делата под вода уметникот се обидува да насочи поголемо внимание на глобалните климатски промени и на работите што можеме да ги направиме за да ја заштитиме Земјата.


8. „Апсорбирани од светлината“ од Гали Лукас и Каролин Хинц искрено раскажува за нашата опседнатост со уреди и технологија

View this post on Instagram

@galilucas writes: This installation was created to provide an arresting commentary on “how we’re constantly drawn to the screens that illuminate our lives. It was in response to this year’s Amsterdam Light festival theme: the medium is the message. ⠀ Artist: Gali May Lucas @galilucas⠀ Sculptor: Karoline Hinz @karolinehinz⠀ ⠀ ⠀ Please do send us the most beautiful thing YOU have ever made. ⠀ This can be a graphic, an object, a piece of architecture or art. No pictures of nature, animals or beautiful people. Please do include a short description and your IG address. ⠀ ⠀ Please mail a square .jpeg or .mov file featuring either a white or black background to: Stefansagmeisterig@gmail.com⠀ ⠀ @mak_vienna, #whybeautymatters

A post shared by stefan sagmeister (@stefansagmeister) on


Тројца луѓе седат на клупа, опседнати со нивните паметни телефони толку многу, што дури и не се забележуваат едни со други. Инсталацијата што беше дел од амстердамскиот светски фестивал симболизира како модерната технологија истовремено нè поврзува и исклучува. Кога ќе шетате навечер, погледнете наоколу и ќе ја видите истата слика - луѓе чии лица се осветлени од нивните мобилни телефони.

9. „Возови кон живот - возови кон смрт“ од Френк Мејслер ги одбележува децата чии животи биле спасени и одземени за време на холокаустот


Импресивното дело на Френк се наоѓа во Берлин, Германија, и има два дела - 5 фигури на момчиња и девојчиња во темна бронза од едната страна и момче и девојче направени од светла бронза на другата страна. Децата од двата дела гледаат во различни насоки и симболизираат две различни судбини што ги имале децата за време на холокаустот. Групата од пет фигури одбележува 1,6 милион еврејски деца кои биле испратени во концентрационите логори и биле убиени, додека другите две деца им оддаваат почит на оние 10.000 деца што биле спасени и пренесени во Англија.


10. „Чудесното патување“ од Дамиен Хирст ги покажува фазите на растењето на бебето во матката

Овој неверојатен споменик што се наоѓа пред медицинскиот истражувачки центар „Сидра“ во Доха, Катар, се состои од 14 големи бронзени скулптури - секоја од нив покажува фаза на растење на ембрионот во матката, од зачнување до раѓање. Бидејќи е исклучително експлицитно и храбро, уметничкото дело предизвика контроверзни чувства кај источната публика, па затоа некое време беше покриено.

- На крајот, патувањето што го поминува бебето пред раѓањето е поголемо од сето она што ќе го доживее во текот на неговиот живот по раѓањето. Се надевам дека скулптурата ќе го разбуди чувството на страхопочит и чудо во овој извонреден човечки процес - изјави Дамјен Хирст, креаторот на споменикот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура