X
 07.08.2024 Уметност

Бенкси ги поздрави лондонци со две интересни уметнички дела

Бенкси откри две уметнички дела во период од два дена.

Првото уметничко дело се наоѓа на страната на една зграда во југозападен Лондон. Уметничкото дело, во стил на уличниот уметник, прикажува коза качена на ивица додека паѓаат камења, е нацртано на ѕид во Кју Грин, Ричмонд.

Бенкси во понеделникот објави слика од уметничкото дело на неговиот инстаграм-профил, на кој и претходно објави дека станува збор за негово дело. Исто така, уметничкото дело вклучуваше реална камера за видео-надзор насочена кон козата.

 
Бенкси не го опиша уметничкото дело во неговата инстаграм-објава, оставајќи многумина да го толкуваат на свој начин. Некои сугерираат дека козата на ивицата го претставува човечкиот род кој моментално е на работ на истребување. Други го протолкуваа вклучувањето на камерата за видеонадзор во уметничкото дело дека дури и во најоддалечените простори, не постои приватност.

Неодамна Бенкси го претстави и неговото ново уметничко дело во југозападниот дел на Лондон, овој пат два слона како ги вадат нивните глави од блокирани прозорци. Уметничкото дело е направено од страната на една куќа во Едит Тераса во Челси.

Уличниот уметник од Бристол сподели фотографија од ѕидната уметност на неговиот инстаграм-профил, што е негов вообичаен метод за да потврди дека станува збор за негово дело.

Бенкси не даде објаснување ниту за ова уметничко дело, оставајќи ги фановите да шпекулираат за нивното значење.

Извор: ВВС
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност